Поради проблемот со деградационите карактеристики на пластиката, декомпозицијата на пластичните производи резултира со формирање на микропластични партикли (микропластика), дефинирани со димензии под 5мм во дијаметар.
Овие микропластични формации се таложат во почвата и во океанот, а преку воздухот што го дишеме, водата што ја пиеме и храната која што ја конзумираме, навлегуваат во нашиот организам.
Таложењето на микропластика во човековото тело докажано предизвикува невротоксичност, метаболни нарушувања, дисбаланс на имуниот систем, проблеми со плодноста и развојот на плодот.
Во последните 80 години, забележано е значително нарушување на параметрите при анализа на спермата, вклучуајќи го во мотилитетот, морфологијата и бројот на спематозоиди.
Се смета дека голем број на токсични материи, вклучително и микропластиката се одговорни за намалување на плодноста кај мажите.