1.Купувајте облека со органско потекло – Синтетичната облека создадена од синтетички материјали како полиестер и акрил, претставува голем извор на микропластика. Затоа, доколку сте во можност, купувајте облека од органско потекло како памук, свила, волна и други материјали од природно потекло. Иако сите материјали создаваат одредено ниво на микропластика, сепак доколку се од природно потекло, како памук, микропластиката е со поголем дијаметар компарирано со синтетските материјали, па не се ослободуваат во воздухот.
2.Променете ја навиката при перење и сушење на облеката - Микрофибер честички кои содржат микропластика, се создаваат од било кој материјал во моментот кога облеката ќе биде третирана во машина за перење или сушење. Но, доколку се со потекло од полиестер или други синтетички материјали, проблемот е доста посериозен. Машините за сушење алишта создаваат до 40 пати повеќе микрофибер честички компарирано со машините за перење, а се проценува дека едно домаќинство ослободува до 120 милиони микрофибер честички во воздухот секоја година. Затоа, доколку сте во можност, не употребувајте машина за сушење алишта. Во спротивно, доколку упоотребата е неизбежна, обезбедете квалитетен филтер за микрофибер, не купувајте често нова облека бидејќи новата облека испушта повеќе микрофибер компарирано со облеката која е веќе употребувана и не купувајте облека од синтетички материјали.
3.Избегнувајте пластика за една употреба - Пластичните амбалажи за една употреба со текот на времето седеградираат до секундарна микропластика и последователно наоѓаат начин да се инкорпорираат во животнатасредина. Затоа, не употребувајте најлонски ќеси, пластични шишиња за вода или прехрамбени производи пакувани во пластика за една употреба.
4.Купувајте производи без додаток на микропластика – Голем број производи кои секојдневно ги употребувате во домаќинството или за лична хигиена, може да содржат скриени честички на микропластика. Затоа, пред да купите одреден производ, прочитајте ги состојките. Не купувајте производи кои ги содржат следните соединенија: Polyethylene (PE), Polypropylene (PP), Polyethylene terephthalate, a form of polyester (PET or PETE), Polymethyl methacrylate (PMMA), Nylon

5.Не ја затоплувајте храната во пластични садови – Пластичните садови ослободуваат микропластични честички кога се загреани на повисока температура. Тоа се случува и со пластичните садови на кои е означено дека се “безбедни за употреба во микробранова печка”. Оваа ознака укажува дека садот нема да се стопи при употреба во микробранова печка, но не и дека нема да испушта микропластика во храната која се загрева. Затоа, при затоплување или приготвување на храната, употребувајте стаклени садови.
6.Избегнувајте да пиете вода директно од пластично шише – Пиењето на вода од пластично шише може да предизвика сериозни здравствени проблеми, како зголемен ризик за малигни заболувања, нарушувања на имуниот систем и проблеми со плодноста. Студиите покажуваат дека голем број на штетни агенси како фталати и БПА (бисфенол А) се осободуваат во водата од пластичната амбалажа. Ова е особено изразено доколку шишињата не се складираат адекватно и се изложни на топлина подолг временски период. Затоа, доколку сте во можност, ограничете ја употребата на вода од пластични шишиња и инвестирајте во филтер за вода.
7.Бидете општествено одговорни, користете јавен транспорт - Се смета дека 28% од целокупната микропластика во океаните потекнува од гумите на моторните возила. Микропластиката се ослободува во текот на возењето и преку воздухот се наталожува во животната средина. Помалку коли на патот - помалку микропластика. Затоа, кога сте во можност, изберете да стигнете до Вашата дестинација со јавен транспорт.
