Секој седми пар во светот има проблем со зачнување, т.е се соочува со неплодност. Кај половина од тие парови причината е машката неплодност.
Женската неплодност се проучува со години и затоа медицината може со поголема сигурност да ја дијагностицира причината за женската неплодност, додека причината за машката неплодност во поголем број од случаевите останува непозната.
Во поновите истражувања се докажува генетската промена која што може да биде причина за намален број на сперматозоиди кај инаку здрави машки индивидуи и тоа поточно генот NR5A1 кој е одговорен за квалитетот на спермата и абнормалности на тестисот ( American Journal of Human Genetics, 2010). Од друга страна истражувањата укажуваат и на стилот на живот како причина за машка неплодност, како што е хроничниот стрес, преголем број на часови во седечка положба на работното место, потоа се повеќе мажи кои стапуваат во брак на постари години, а со староста се намалува и бројот и подвижноста на сперматозоиди и исто така во добар дел поради изложеноста на ксеноестрогени ( пестициди, посебно DDT I PCB, отровни диоксини кои се користат во индустријата за избелување на хартија, хемиски материи од пластиката како на пр. Нонилфенол од групата на алкифеноли, за кои се докажа нивното естрогено дејство кога ќе се внесат во телото, прекумерно јадење на црвено месо - dietil stilbestrol-DES се користи како стимулатор на раст кај животните што се одгледуваат како извор на месо).
Грубо причините се делат на претестикуларни причини, тестикуларни и посттестикуларни, нема да навлегуваме во медицинските дијагностицирања и третман, тоа сепак ќе го оставиме на специјалистите, во интерес на просторот, туку ќе се задржиме на она што можеме само да го препознаеме и да превземеме мерки за истите. Во претестикуларни причини всушност спаѓа, исхраната и стилот на живот. Да наведеме некои од нив:
Намалете го внесот на алкохол во наредните 3 месеци, ако се соочувате со неплодност.Намалете го внесот на кафе и кофеински пијалоци, најдобро потполно да престанете со внесот барем во текот на 2 месеци.
Цинк-30мг/ден, Селен-200 микрогр/ден, Омега 3 есенцијални масни киселини-2000 мг/ден, Витамин Б6-50 мг/ден, Витамин Б12-50 микрогр/ден, Манган-5 мг/ден, Витамин Ц-1000 мг/ден, Витамин Е-400 ИЕ/ден, Л-аргинин-1000мг/ден, Л-карнитин-1000мг/ден, Хром-200-400 микрогр/ден.
Кога еден пар се соочува со машки фактор на неплодност, не треба да се занемарува дијагностицирањето на причината за истата. Треба да се упати машкиот партнер на соодветен специјалист, точно да се лоцира причината за неплодност, ако е возможно и да се отстрани истата. Потоа да се направи добра индивидуална програма за исхрана кај сертициран нутриционист, кој преку храната и промените на начинот на живот ќе се влијае на подобрување на квалитетот на спермата.
Со антиинфламаторна исхрана, богата со антиоксиданси и внес на хранливи состојки кои природно содржат потребни минерали и витамини есенцијални за плодност, како и правање на добра формула на витаминско минерални додатоци во исхраната, во текот на 3 месеци може многу да се постигне за подобрување, па дури и излекување на машката неплодност.