Конзумирањето на потребните витамини е од суштинско значење за создавањето здрава сперма.
Витаминот Ц е еден од најздравите видови додаток чие конзумирање може да доведе до зголемување на бројот на сперматозоиди и нивната подвижност. Храна богата со овој витамин е цитрусното овошје, киви, бобинки, брокула и црвени пиперки.
Витаминот Д сам по себе нема да го подобри квалитетот на спермата но е многу важен дел од исхраната. Покрај сонцето како главен извор на витамин Д, пожелно е да се конзумира храна богата со витамин Д: масни риби, млеко и млечни производи.
Конзумација на витаминот Е особено комбиниранн со селен во исхраната, може да го подобри квалитетот на спермата и подвижноста на сперматозоидите. Оревите и семињата се одличен извор на витамин Е.
Фолната киселина игра важна улога во формирањето и здравјето на спермата, а ефектите се уште подобри кога таа се комбинира со цинк. Храна богата со фолати е лиснатиот зеленчук, портокалите како и житариците.