МАШКИ ИНФЕРТИЛИТЕТ

05.01.2024

Инфертилитетот е состојба со која се соочуваат двата партнери, кога не се постигнува концепција и покрај редовниот сексуален однос без заштита повеќе од 1 година. Кога причината за инфертилитетот е поради здравствен проблем во репродуктивната функција на мажот, се употребува терминот “машки инфертилитет”. 

Според СЗО се проценува дека едно на секои 6 лица на светско ниво во одредена фаза на репродуктивниот период би се соочило со инфертилитет. Студиите покажуваат дека еден на секои 20 мажи имаат проблем со намален број на сперматозоиди,  додека еден на секои 100 мажи немаат воопшто сперматозоиди во ејакулатот.

  • Причините за машки инфертилитет може да бидат разновидни: генетски, медицински абнормалности или навики во животниот стил.
  • Пушењето,  дебелината, внесот на калорична и процесирана храна, штетните фактори на околината ( изложеност на пестициди, аерозагадување) се едни од најчестите причини за оксидативен стрест, кои доведуваат до инфертилитет кај мажи.
  • Потребни се 2-3 месеци за новата сперма комплетно да матурира. Тоа значи дека  при промени на животниот стил и секојдневните навики во исхрана, потребни се најмалку 3 месеци за да се постигне посакуваниот ефект.
  • Индивидуализирана диета базирана на медицина на докази и информации за промена на секојдневните животни навики се важен фактор за подобрување на шансите за концепција.

КОИ ПРОМЕНИ ВО ИСХРАНАТА МОЖЕ ДА СЕ НАПРАВАТ ЗА ДА СЕ  ПОДОБРИ МАШКАТА ПЛОДНОСТ ?

  • ЈАГЛЕНОХИДРАТИ

Целозрнеста храна која вклучува овес, кафеав ориз, интегралното брашно може да помогне за плодноста кај мажите. Oвие намирници се одличен извор на растителни влакна, витамин Б и фолна кислелина, есенцијални масни киселини (Омега 3 масни киселини), протеини, антиоксиданси вклучувајќи ги  Витамин Е и селен.

  • ПРОТЕИНИ

Истражувањата покажуваат дека мажите кои во секојдневата исхрана  внесуваат повеќе протеини базирани на чисто месо без високи количини на заситени масти и протеини од растително потекло, имаат подобар квалитет на спермата. Затоа, конзумирајте пилешко, мисикрино месо, риба, јајца, млечни производи со ниска масленост, соја, мешункасти плодови, тофу и јаткасти плодови. 

  • МАСТИ

Ограничете го внесот на заситени масти кои најчесто се од животинско потекло и зголемете го внесот на незаситени масти од растително потекло. Најдобар извор на незаситени масти се лососот, харинга, сардини, харинга. Конзумирајте јаткасти плодови како ореви и семки од тиква со цел подобрување на квалитетот на спермата. 

  • НАМАЛЕТЕ ГО ВНЕСОТ НА ШЕЌЕР И СОЛ 

Процесираната храна богата со сол и шеќер како што се торти, чоколади, бисквити, брза храна, газирани пијалоци и овошни сокови, може негативно да влијаат врз плодноста кај мажите. Затоа, избегнувајте да ги конзумирате во Вашата секојдневна исхрана.

МИКРОНУТРИТИЕНТХРАНАПрепорачана дневна дозаПример за храна која ја задоволува дневната препорачана доза
Коензим Q10Морска храна, Млечни производи, Бело месо Нема препорачана доза2.4mg на 85g Телешки мускул 
Витамин ЦЦитрусно овошје, Шумско овошје, Киви, Домати, Брокули, Прокељ40mg45.6mg/ 1 полна рака јаготки
Витамин ЕАвокадо, Јаткасти плодови, Спанаќ, Полнозрнеста храна15mg14.6 mg/ 1 полна рака печени  бадеми
ФолатиСпанаќ, Брокули, Грашок, Прокељ, Авокадо200µg263µg/ 1 чаша подготвен спанаќ
МИКРОНУТРИТИЕНТХРАНАПрепорачана дневна дозаПример за храна која ја задоволува дневната препорачана доза
Л КарнитинЦрвено месоМлечни производиРибаПилешко месоАвокадоНема препорачана доза8mg на 1 чаша полномасно млеко
Омега 3РибаЈаткасти плодовиМорска храна450mg427mg/ (50g) чаден лосос
СеленБразилски оревиМорска храна РибаПилешко месо Кафеав оризМлечни производи75µg/d76.2µg/ 2-3 бразилски ореви
ЦинкШколкиПилешко месо Јаткасти плодови9.5mg29.6mg/ 1-2 школки