10 ПРАКТИЧНИ СОВЕТИ ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА ПЛОДНОСТА КАЈ МАЖИТЕ

05.01.2024

1. Практикувајте здрави животни навики: јадете разновидна, добро балансирана исхрана и бидете физички активни;

2. Целете кон  здрави вредности на БМИ 20-25кг/м2, затоа што прекумерната телесна тежина, но и ниски вредности на БМИ може негативно да влијаат врз плодноста;

3. Целете кон минимум 5 порции на зеленчук и овошје на ден;

4. Вклучете микс на здрави јаткасти плодови, риба и морска храна во Вашето дневно мени;

5. Доколку имате некои допололнителни заболувања за кои примате редовна терапија, како дијабетес или нарушување на тироидната жлезда, консултирајте се со специјалист ендокринолог;

6. Избегнувајте да конзумирате алкохол. Конзумирањето на алкохол негативно влијае врз квалитетот на спермата. Особено не ја надминувајте дозата од 8 единици неделно;

7. Пушењето и употребата на рекреативни недозволени супстанции може да ги оштети сперматозоидите. Затоа, се советува комплетен прекин на нивна употреба;

8. Практикувајте сексуални односи 2-3 пати неделно особено кога партнерката е во период на овулација;

9. “Be cool” - “Останете ладен“. Покачената температура во тестисите може негативно да влијаeврз квалитетот на спермата. Избегнувајте периоди на подолго седење, не практикувајте туширање со топла вода и не употребувајте тесна долна облека.  Одвикнете се од навиката да ги извршувате Вашите секојдневни online активности во седечка или лежечка позиција, така што Вашиот лаптоп би бил позициониран на горните делови на нозете и карлицата, односно во близина на тестисите;

10. Релаксирајте се! Намалете го стресот и практикувајте 7-9 часа континуиран сон.